По речиси две недели на енормно аерозагадување, воздухот во Македонија конечно се расчисти поради временските прилики. Мерните станици покажуваат дека нивото на загаденост е ниско. Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.
Сепак, земјава останува меѓу најпогодените од загадувањето на воздухот, односно има најмногу смртни случаи како последица на загадениот воздух – во моментов, сите земји на европската унија пријавуваат нивоа на азот диоксид над препорачаните нивоа од светската здравствена организација, но некои се посилно погодени од загадувањето на воздухот од другите. Најмногу смртни случаи од загадувањето има Македонија, а по неа е Србија. И соседните Албанија, Бугарија и Црна Гора имаат премногу високи оценки, според неодамнешниот извештај на европската комисија и организацијата за економска соработка и развој – јавува Еуроњуз.

Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загадување.
Во 2021 година, Светската здравствена организација ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.
Во декември лани, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година. Овие правила ги обврзуваат земјите-членки редовно да ги следат ПМ честичките, јаглеродот и амонијакот што се ослободува во воздухот.
Како што се посочува во текстот на Euronews, периодов сите земји членки на ЕУ пријавуваат повисоки нивоа на азот диоксид од оние што ги препорачува Светската здравствена организација. Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид.





