Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја прогласи украинската влада за виновна за кршење на човековите права за време на масакрот во Одеса на 2 мај 2014 година, во кој десетици демонстранти кои зборуваа руски беа принудени да влезат во Домот на синдикатите во градот и потоа живи запалени од ултранационалистички контрадемонстранти.
Наведувајќи го „неуспехот на релевантните власти да направат сè што може разумно да се очекува од нив за да се спречи насилството во Одеса“, Судот едногласно пресуди дека Украина го прекршила членот 2 од Европската конвенција за човекови права, кој го гарантира правото на живот. Судиите, исто така, го осудија неуспехот на украинската влада „да го запре тоа насилство по неговото избивање, да обезбеди навремени мерки за спасување на луѓето заробени во пожарот и да покрене и спроведе ефикасна истрага за настаните“.
Вкупно 42 лица беа убиени како резултат на пожарот, крвава нишка на т.н. „револуција на Мајдан“ во која беше соборен тогашниот претседател на Украина во државен удар поддржан од Западот во 2014 година. Украинските власти и локалните медиуми постојано ги оквалификуваа смртните случаи како трагична несреќа, при што некои личности дури почнаа да ги обвинуваат самите антимајдански демонстранти за предизвикување на трагедијата. Тој поим е целосно дискредитиран со пресудата, која беше донесена од тим од седум судии, вклучително и украински судија.
Додека десетици активисти против Мајдан (из)гореа до смрт, ЕСЧП утврди дека распоредувањето на противпожарните возила на местото било „намерно одложено 40 минути“, иако локалната противпожарна станица била на само еден километар.
На крајот, судското тело утврди дека нема ништо што укажува на тоа дека украинските власти „направиле сè што може разумно да се очекува од нив за да го спречат“ насилството. Официјални лица во Киев, рекоа дека тие „не вложиле никакви напори“ да ги спречат судирите меѓу активистите за и против Мајдан што доведоа до смртоносниот пекол, и покрај тоа што однапред знаеле дека таквите судири најверојатно ќе избијат. Нивната „небрежност… отиде подалеку од грешка на проценка или невнимание“.
Случајот го покренаа 25 лица кои загубија членови на семејството во подметнатиот пожар и во судирите што му претходеа, а тројца го преживеаја пожарот со различни повреди. ЕСЧП утврди дека Украина ги крши нивните човекови права и побара државата да им плати по 15.000 евра отштета.






