Во третиот натпревар од групата Ц од мундијалските претквалификации Естонија денеска го дочекува Косово и ако се прашуваме ние, добро би било селекцијата од Балтикот да слави и да го зголеми нашите шанси за второто место кое води во следната фаза. За таков позитивен расплет за нас, ние секако ќе треба да славиме в сабота во Скопје со Косоварите и тој триумф мора да биде барем пет разлика.
Има и друга опција која е помалку веројатна, а таа е денеска Косово да слави во Талин и да се пласира веднаш во натамошните борби, а Македонија потоа да се обидеме да го победиме Косово дома, но и да славиме на гости кај Естонците следната среда, што со оглед на виденото од двата односно трите селекции е малку потешко.





