Верувам дека имаме уверување од Бугарија оти тие сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија (ЕУ), рече специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар, за време на вчерашниот виртуелен прес-брифинг во Брисел, пренесува Гласот на Америка.



„Северна Македонија и Бугарија се ценети НАТО членки и сојузници и затоа сакаме мирно решeние на кои било прашања“, кажа Ескобар.

Тој рече дека САД охрабруваат дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане вкоренет во заложбата Македонија да продолжи да има перспектива за ЕУ.

„И верувам дека имаме уверување од Бугарија дека тие сакаат С. Македонија да биде членка на Европската Унија. Затоа, сакаме да ги искористиме тие можности, бидејќи С. Македонија треба да биде полноправен кандидат и непосреден кандидат за членство во Европската Унија“, изјави Ескобар.

Стет департментот во неделата соопшти дека неделава Ескобар освен во Брисел, патува и во Австрија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март.

Денеска тој ќе биде воПриштина, но нема да ја посети Македонија за да не се сфати неговата посета како мешање во предизборниот процес…