Есенска кошничка ќе има уште идната недела

Есенска кошничка ќе има уште идната недела. За неколку дена завршува мерката со која за околу 70 производи се ограничи бруто профитната маржа на 10 отсто. Но, овие неколку недела откако е на сила граѓаните пред камерата на Телма велат дека не почувствувале некое позначајно поевтинување. Сметаат дека вака осмислена мерката не треба да продолжи.



„Мерката не даде резултати. Ниту оваа мерка, ниту претходните што се воведуваа. Ако почнеме да се занимаваме со вакви мерки, ќе заличиме на претходната Влада, а нели оваа Влада одлучи да прави структурни промени, барем во економијата и да даде добри резултати, но ако се продолжи со овие маркет кошнички, јас така ги нарекувам, тогаш навистина нема да има резултати, освен што ќе им се даде на луѓето една перцепција дека еве нешто се случува и дека ние еве се бориме против таа инфлација и покачување на цените на пазарот“, вели за Телма, аналитичарот Абил Бауш.

Претходно и министерката за финансии Кочоска рече дека мерката да се ограничи бруто профитната маржа на 70 производи е преобемна и институциите немаат капацитет да прават проверки. Затоа и Кочоска се изјаснила дека не треба да се спроведува.

Целиот текст прочитајте го тука.