„Нашиот однос со БРИКС на ниту еден начин и никогаш не може да биде алтернатива на нашите постоечки ангажмани“ изјавил турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган вчера.
„Ние не го менуваме курсот. Наместо тоа, бараме да го заземеме заслуженото место во глобалниот систем коој се менува.
Турција го зазема своето место во сите такви платформи како долгогодишен сојузник во НАТО и земја која бара полноправно членство во ЕУ“, додаде тој.
Тој нагласи дека неговата земја ги следи „нејзините интереси и ја развива соработката во која било насока која носи придобивки“.
Минатата недела Ердоган присуствуваше на самитот на БРИКС во Русија како гостин.
БРИКС ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Кина и Русија сакаат уште повеќе да ја прошират групата бидејќи се обидуваат да се спротивстават на економската доминација на Западот.
Во септември, Ердоган рече дека Турција ќе ги продлабочи своите врски со Истокот, додека сè уште ќе гледа кон Запад.






