Турските граѓани денеска избираат градоначалници и други членови на локалната власт ширум земјата.
Се очекува да гласаат 61 милион луѓе кои избираат кандидати за различни функции од 36 партии.
Гласањето е тест за тоа колку е силна позицијата на турскиот претседател Реџеп Ердоган во земјата.
Опозицијата има големи очекувања, особено во најголемите градови во земјата, Анкара и Истанбул, каде што опозициските кандидати победија во 2019 година.
Сепак, победата на актуелниот претседател на земјата Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) на изборите во 2023 година и расцепканоста на големата опозициска алијанса, велат набљудувачите, може да ги спречи политичките противници на Ердоган повторно да постигнат успех во овие градови.






