Ердоган: Не може судбината на 194 земји да се остави во рацете на 5 земји

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на голема ревизија на Обединетите нации, јавува агенцијата Anadolu.



„ОН треба целосно да се реформираат, светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност).

Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на овие пет постојани членки“, рече Ердоган..

Тој го осуди системот на пет постојани членки на Советот за безбедност, според кој тие земји можат самостојно да стават вето на важни одлуки, велејќи:

„Светот е поголем од петте“.

„Руско-украинската војна, која наскоро ќе влезе во својата четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем“, додаде тој. Тој нагласи дека во Газа не се тестирани само хуманитарните вредности, туку и веродостојноста на глобалниот систем и на ОН. Тој смета дека чувството на вина за холокаустот ги принудило западните земји да се воздржат од критикување на Израел, кој „врши геноцид во Газа повеќе од една година“.

„Можеме ли да кажеме „не нè засега“, пред израелската агресија која ги загрозува не само нејзините граѓани, туку и сите што живеат во регионот. Кога има мир, кога можеме да живееме заедно во мир, зошто сето ова крв, конфликти, војна ако не дејствуваме денес, кога ќе дејствуваме? праша Ердоган.