Еуфоријата околу Ел Класико односно целата ситуација со големата победа на Барселона кај Реал (3-0) и според многумина, од сега обезбедената титула го стави во сенка големиот јубилеј на Луис Суарез. Имено Уругваецот ги доведе во водство Каталонците во Мадрид, а тоа беше негов 400. гол во кариерата. До импресивната бројка Луис дојде во 12 и пол години играње во Национал, Гронингем, Ајакс, Ливерпул и Барселона со тоа што врвни се последните три сезони на Камп Ноу во кои Суарез даде 131 гол во 169 средби.