Момчето во Газа, Јусуф ал-Бехтини се обидува да се запише во Гинисовата книга на рекорди, а тоа сака да го постигне со помош на своето еластично тело. Ова 12 годишно момче секојдневно ја подобрува способноста со гимнастички вежби и ги воодушевува сите оние кои имаат можност да ја видат еластичноста на неговото тело.