Европската комисија предлага да се пристапи кон замена на правото на вето во ЕУ со гласање со квалификувано мнозинство, најавувајки реформи на кои ЕУ мора да претрпи пред проширувањето.



„Мораме денес да почнеме да се подготвуваме за Унијата на иднината и да го користиме проширувањето како катализатор за напредок.

Цела Европа има корист од проширувањето. Тоа ја претвори ЕУ во најголемиот интегриран пазар во светот“, се вели во извештајот.

Со искористување на лекциите научени од претходните проширувања и со продолжување на подобрувањето на нашите политики по 27 години, стануваме подобро подготвени за поголема унија, уверуваат од Брисел.

За прием на нови земји нема да се применува претходниот принцип се или ништо, туку ќе се потпира на „постепената интеграција како важен елемент на подготовката на земјите за процесот на проширување долго пред пристапувањето“.

Афирмацијата на демократијата, владеењето на правото и основните права ќе продолжат да бидат камен-темелник на ЕУ.

Поучени од своето искуство со Бугарија и Романија, „ЕУ ќе ги зајакне своите алатки за да обезбеди доследно почитување на владеењето на правото низ Унијата и по пристапувањето“, сметгаат од ЕК.