ЕК: Прославата на Денот на победата во Москва е руската пропаганда

 

Прославата на Денот на победата во Москва е дел од руската пропаганда и обид да се оправда инвазијата на Украина, затоа членките на Европската унија и земјите кандидати треба да се воздржат од присуство на настанот, изјави денеска портпаролката на Европската комисија (ЕК).



„Празнувањето на 9 мај го гледаме како дел од руската пропаганда и обид да се оправда нејзината инвазија на Украина и затоа веруваме дека треба да се воздржиме од давање легитимитет на кој било начин на оваа војна и да се воздржиме од присуство на таа прослава“, рече портпаролката Пола Пињо на прес-конференција.

Таа додаде дека тоа не важи само за земјите кандидати, туку уште повеќе за членките на ЕУ кои се договориле за таква позиција уште во 2022 година.

Словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ најавија дека ќе учествуваат на прославата во Москва.