Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани.
Оваа порака јавни ја упати еден од највлијателните албански политички лидери екс претседател, екс премиер и министер за надворешни работи Илир Мета.
,,Да не заборавиме дека визијата и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во управувањето ја трансформираа Македонија, 10-то место во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции.
Благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија експлодираше во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи од 10 милиони евра годишно финансирање и зголемувајќи ги на 200 милиони евра.
Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засенија извонредните економски и општествени достигнувања.
Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа”, објави Мета за неговите очекувања од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.






