Екс македонскиот олеснувач со Бугарија мисли дека проблемот е и во Скопје

Екс премиерот Владо Бучковски и екс македонски специјален претставник во спорот со Бугарија смета дека пробл мора меѓу двете земји и народи е на релација Скопје – Софија.



Во интервју за бугарското национално радио Бучковски вели дека според него не треба да се бара решение во Белград, Москва, Брисел или Париз туку исклучиво меѓу двете држави.

,,Мислам дека проблемот е меѓу Софија и Скопје, а не во Брисел и Париз. Ова во интервју за Бугарското национално радио го изјави Владо Бучковски, поранешен премиер на Република Македонија. Во програмата „РадиоТочка“ тој ги коментира бугарско-македонските односи.

„Ќе бидеме посилни ако ја имаме поддршката од Бугарија, а Бугарија ќе биде посилна ако сме во ЕУ. Но, во двете земји има сила да го спречиме тоа да се случи“, рече Бучковски.

„Жалам што во овие 17-18 месеци не почнавме да разговараме како вистински пријатели. Ако сакаме Бугарија да биде наш стратешки партнер, мора да најдеме алатки. Не верувам дека секој проблем треба да го бараме во Белград и Москва, проблемот е во Скопје и Софија“, коментира поранешниот македонски премиер.

„Треба да работиме за идните генерации, нека дојдат и нека видат дека Софија е европска престолнина, поблиска од Солун, а ние, и покрај проблемите со Грција, веруваме дека солунците ни се поблиски од софијанците. “ препорача Бучковски.

Ако знаете бугарски јазик целото интервју може да го слушнете на линкот.

Бучковски на крајот на 2020 година од екс премиерот Заев беше назначен за специјален претставник за спорот со Бугарија.

Тогаш екс премиерот кој ја водеше владата во 2005 и 2006 изјави дека е убеден во успех, затоа што има излезни решенија.

„Недопустливо е ние да биде понижени, нашите црвени линии се исцртуваат, јасно е во кој правец треба да се најдат решенијата. Ми се допадна дефиницијата на Османи, мора да ја вратиме довербата во процесот, процесот е нарушен. За Македонија нема друга мисија, мора да сме трпеливи, ова мора сега да го решиме. Не гледам дека ќе има промена на политичката сцена во Бугарија. Додека разговараме, тимовите работат, бараат решение“,
изјави тогаш Бучковски.