Поранешниот директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, денеска се пријавил на огласот за избор на нов директор и за ова објави на социјалните мрежи.
,,Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив.
Барам од градоначалничката Danela Arsovska и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје” наведува Галетановски кој во објавата „прикачува“ и програма за работа. (24.инфо)