Никола Тасев од ВМРО-НП смета дека еден човек може да го крене партиското ткиво и го повика при гостувањето на ТВ 21 поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски да се врати во редовите на својата партија. Тоа би била најнеопходна помош во реорганизирање на партијата, според Тасев, а би траело 12 месеци во кои бе се обезбедил регуларен премин на сите витални функции во рацете на нови и напредни кадри кои партијата ги има.
На истата дебата Јове Кекеновски рече дека Никола Груевски останал без поддршка за што говори и фактот дека не може да собере ниту 2.000 луѓе за протест, а Илија Илоски индиректно порача дека Груевски треба да биде избркан и да си прави нова партија со своите поддржувачи.