Екс-директорот на „ЗОО Скопје“ појма нема дали пак го избрале за директор

Екс-директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, кој конкурираше на последниот оглас на градот за вработување нов директор на зоолошката, вели дека не знае до каде е постапката, но рече дека ќе прати адвокат да ги подигне документите ако се уредно платени.



Бидејќи јас неможам да ви одговорам на сите пораки и прашања во врска со огласот за директор во ЗОО Скопје сакам да ве известам дека и јас поим немам нит дал е поништен нит дали ме одбиле така да ќе оди адвокат деновиве да ги подигне документите доколку се уредно прегледани, вели Галетановски.

Сакам и да ве замолам да не ми праќате мене слики и прашања за моментални ситуации таму бидејќи јас не сум во тек со ништо во зоолошка и неможам ништо да помогнам од оваа ситуација, а и не сакам посебно не на моменталниот тим што ја води бидејќи таму не ни има директор таму колегите се оставени сами на себе и секоја им чест, додава тој.

  • Тврдам дека Зоо Скопје мора да се деполитизира и како што кажав стојам на истиот став и збор нека назначи градоначалничката било кој за директор јас ќе бидам прв што ќе му помогне и со програма и спонзори и се. Дотогаш Ви благодарам на сите за поддршката. За европска зоолошка“, напиша тој на фејсбук.