Поранешениот кривичен судија и сега адвокат Владимир Туфегџиќ вели дека треба да имаме надеж дека конечно ќе ги смениме работите, ако се следи досегашниот тек на настаните
Во својата објава на општествените мрежи Туфекџиќ истакнува: Македонската полиција, обвинителството, истражните органи и судовите, со сите свои недостатоци, мани и критики, докажале во неколку наврати во минатото дека кога вистински сакаат и имаат одрешени раце, имаат професионален капацитет да бидат на нивото на задачата. Затоа, треба да им се овозможи без непотребни тензии, професионално согласно со законот да си ја завршат работата. Ова е професионална работа, во која нема место за емоции, мора да се знае и умее да се потиснат емоциите, бидејќи само на тој начин може да се размислува рационално и трезвено за да се донесат правилни одлуки.
Треба јасно да им се каже на луѓето дека оваа сложена постапка е процес, во кој сите докази и вештачења мораат да бидат прибавени на законит начин, а за сето тоа е потребно време. Ако се суди според досегашниот тек на настаните, треба да имаме надеж дека конечно ќе ги смениме работите и заслужува да имаме трпение, бидејќи избор немаме.





