Како по обичај Македонија, по се до сега, односно по сите параметри е длабоко закована на дното во Европа. Како од квалитетна работна сила, па се до висината на платите, кои никако реално да мрднат од мртва точка. Иако институциите кои ги мерат рејтинзите фигуративно објавуваат податоци дека платиите се зголемуваат, во пракса ретко кој ги зема како што треба. Но и оние граѓани кои земаат колку-толку добри примања, инфлацијата им ги јаде уште не легнати на нивните сметки.
Но да одиме по ред. Каде сме со платите во споредба со земјите од регионот?!

Статистиката вели дека според минималната сме последни, како по обичај, а споредено на просечната сме претпоследни. Па така, еве точно како котира Македонецот во споредба со земјите од регионот.
- Во Словенија минималната плата е 1.254 евра, додека просечната е 1.477 евра;
- Во Хрватска минималната плата е 677 евра, додека просечната е 1.094 евра;
- Во Босна минималната плата е 317 евра, додека просечната е 1.046 евра;
- Во Србија минималната плата е 432 евра, додека просечната е 797 евра;
- Во Црна Гора минималната плата е 450 евра, додека просечната е 821 евро;
- Во Албанија минималната плата е 386 евра, додека просечната е 568 евра;
- Во Македонија минималната плата е 367 евра, додека просечната е 658 евра;
А колку вработени има кај нас, според статистика во јавниот и приватниот сектор?!

Според официјалните податоци, во нашата земја има 687.459 вработени, вклучително јавниот и приватниот сектор. Во Агенцијата за вработување 102.980 граѓани се наведени како активни баратели на работа, но невработени, односно околу 13%.

Но, ако се суди според реалната потреба на пазарот на труд, нема македонска фирма што не бара работници. Работата е дојдена до таму, што персонал се бара на секаде, се лепат огласи по бандери на улици, по сите интернет портали, по социјални мрежи, но граѓаните – барем добар дел од нив, разочарани од домашните газди, спасот си го бараат вон сопственара држава. До кога и како ќе оди овој тренд, останува само да видиме.





