Експерти: Во 2025 ќе ги почувствуваме бенефитите од заемот од Унгарија

Ефектите од заемот од Унгарија ќе се почувствуваат во втората половина од 2025 година, вели професорот по економија и член на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), Синиша Наумовски



“Иако немаме многу информации за заемот, факт е дека заемот не е скап, а каматата од 3,25% е прифатлива особено ако се знае дека во минатото и дома се задолжувавме со камати од 5-6%. Верувам дека се е добро испланирано. Грејс периодот од три години и 12 години за отплата, значи дека имаме доволно време тие средства да ги пласираме во капитални проекти и самите да се оплодат. Тој период ќе треба внимателно да се набљудува во насока на правилно трошење на тој билатерален заем односно на средствата од оваа финансиско економска инфузија. Треба да се остави простор и за да се види каков ефект ќе има новиот заем на јавниот долг и обврските кои доспеваат од странство. Треба да дадеме шанса на вакви државотворни економски политики и политики за интеграција. Ако успее ваквата стратегија, ќе успее Македонија а ако успее Македонија ќе бидеме сите заедно посреќни”, вели за Локално, Наумовски.

Оваа ггодина дефинитивно борбата ќе биде против инфлацијата.

“Оваа година ќе се бориме инфлацијата да биде 3,5% а растот и БДП кој е директно врзан со инвестициите, ќе биде околу 2%. Ефектите од инвестициите од тој т.н пакет од една милијарда евра, ќе се почувствуваат во втората половина од 2025 г. како година на сериозни позитивни поместувања во однос на оваа 2024 г. Убеден сум во тоа, бидејќи имаме стабилна Влада и не очекувам негативни конотации во меѓусоседските односи и евроинтеграциите. Се ќе биде стабилно”, уверува Наумовски.