Ексклузивно: Расколот во БЕСА носи нова владина коалиција, Заев мирен

Извори во движењето БЕСА кои инсистираат на анонимност и тврдат дека сакаат единство во партијата за expres.mk велат дека во расколот се инволвирани повеќе фактори.



Тие тврдат дека најдиректно во кризата се вклучени Али Ахмети, луѓе на албанскиот премиер Еди Рама и структури блиски на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Една од целите на расколот во БЕСА е да се намали влијанието на Турција на македонската политичка сцена а другата е партијата да влезе во коалицијата на СДСМ и ДУИ со цел стабилизирање на владата која сега има само 61 пратеник во Собранието и тешко ќе го донесе Законот за јазици.

За денеска и утре се најавени две средби на претставници на движењето.

На едната треба да се разговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети за соработка во Собранието и владата за исполнување на барањата на Албанците.

На другата В.Д. претседателот на БЕСА Нежмедин Каремани треба да се сретне со лидерот на СДСМ и премиер Заев за да договорат поддршка за владата.

Ова сценарио го знаел и премиерот од поодамна и затоа бил мирен при заминувањето на Алијансата на Албанците од Владата, тврдат изворите во БЕСА.

Делот од БЕСА кој го поддржува актуелниот лидер Касами смета дека партијата треба да остане во опозиција и да соработува со Зијадин Села.