Ексвојникот на УЧК од Косово Рамадани е во куќен притвор во Чаир до 16.8.2024 до одлуката за испорачување во Србија

„Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово Блерим Рамадани е ослободен од притвор во затворот Скопје. Тој во моментов е во домашен притвор во Скопје, каде ќе остане до 16 август.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



ИНА пишува: „По барање на Блерим Рамадани Основниот суд во Тетово го замени ефективниот притвор со куќен притвор се до одлуката за негово испорачување во Србија.“ – соопштија од судот во Тетово. Рамадани е приведен на граничниот пункт Јажинце, во Македонија, кон Косово, а по барање на Интерпол на Србија, поради сомневање дека извршил злосторства врз цивили на почетокот на војната во Косово.

Од друга страна ТВ 21 вчера објави: Поранешниот војник на ОВК Блерим Рамадани, кој беше уапсен деновиве во * Македонија, во текот на овој ден, на 2 август 2024 година е ослободен од затворот Шутка, каде што се наоѓаше во притвор. По ослободувањето преку објава на фејсбук Рамадани напиша дека „упатува поздрави од Чаир, во Скопје, до сите негови соборци и сонародници, кои се интересирале за неговата ситуација“.