Македонскиот репрезенативец Езгјан Алиовски меѓу Базел и Лидс Јунајтед се реши за членот на Чемпионшип дивизијата во Англија и за поранешниот фуналист во Купот на шампионите и во Купот на Куп победниците. 25. годишниот прилепчанец си заминува од Лугано и иако постоеше интерес од големиот и последните сезони многу успешен во европските натпреварувања Базел, Алиовски тргна за островот.



Нема детали околу договорот, но факт е дека нашиот крилен напаѓач ќе биде големо засилување за Лидс кој се обидува да се врати во Премиер лигата.