Според научни сознанија јапонското јаболко поседува вистинско богатство од различни антиоксиданси, посебно феноли. Овие соединенија ги штитат ткивата од оштетувањата од слободните радикали и на тој начин помагаат да се намалат ризиците од хронични заболувања. Уште еден вид на антиоксиданс во јапонското јаболко се танините, кои делуваат антиканцерогено и антимутациски. Исто така, во него се најдени уште и каротин и аксорбинска киселина.



Антиоксидансите се хемикалии кои ги врзуваат слободните радикали и на тој начин ги штитат оштетувањата на клетките. Тие го забавуваат стареењето и го подобруваат тенот. Освен тоа, делуваат и против неколку видови рак. Од минералите, јапонското јаболко содржи натриум, фосфор, калциум, манган и цинк. Од витамините, тука се витамините А и Ц, а исто така има и диетални влакна.

Јапонското јаболко има многу малку калории. Во 100 грама јаболка има околу 80 калории. Со оглед на тоа што има многу добар вкус, може да се јаде беа да се има чувство на вина. Исто така, има и диуретски особини. Јапонското јаболко ја подобрува и функцијата на срцето и белите дробови, подобрувајќи го апсорбирањето на железо и денталното здравје.