Кошаркарите на најуспешниот македонски кошаркарски колектив загубија од Парма Перм со 95-73 со што во двобојот од ФИБА Еврокупот со два пораза, доживеаја и вкупна негатива од 47 поени минус, што говори за односот на нашата кошарка во однос на руската, па и на континенталната.



Во арената Борис Трајковски во Скопје црвените беа рамноправни само во почетниот период во кој имавме и водтсво (21-20), но веднаш потоа гостите кои, без никакви дилеми, се далеку поскап и поквалитетен состав го свртеа мечот. До полувреме Парма водеше со 46-37, а брзо во второто се случија цели 20 разлика (73-53). До крајот се беше рутина за гостите кои го имаа извонредниот Френк Гејнс кој даде 30 поени. Кај Работнички најдобар беше Маркус Гињард кој постигна 26 поени, Чековски заврши со 14, а Костов додаде 13 поени.