Една фотографија – илјада сомнежи за пропагандата на Таче – пишува Горан Момироски

Во предизборната кампања лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски Таче се обидува да прикаже дека има поддршка од граѓаните.



Во тој правец се и денеска објавените фотографии од него со кои тој сака да остави впечаток дека граѓаните го обожуваат но една фотографија што сам ја објавува најдобро покажува што мисли обичниот човек за него и за неговата партија.

На фотографијата се гледа дека човекот чија фотографија ја објавува не е воопшто среќен од тоа што го слуша од Ковачевски.

Ако се анализира говорот на телото и кај граѓанинот и кај Ковачевски се гледа дека меѓу нив воопшто нема позитивни вибрации, напротив најмалку еден од нив е со негативни реакции.

Самиот лик на Ковачевски на оваа фотографија покажува дека нешто не е во ред.

И на уште една друга фотографија ликот на граѓанската чија слика ја објавува Ковачевски укажува на нешто друго, различно од почит за политиките на СДСМ кои ги промовира Ковачевски.

,,СДСМ ги слуша потребите на граѓаните, така се креираат правилни мерки кои даваат резултати и значат подобар живот.
Утрово со земјоделските производители и трговци, разговаравме за пласманот на производите, за цените, за подобар развој на стопанството и економијата”, пишува под фотографиите Ковачевски но во реалноста граѓаните знаат дека тоа што го збори лидерот на СДСМ не е баш така.