За продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија прифатени се трите клучни аргументи на на министерот за транспорт, Александар Николоски.
На вчерашната средба во Софија на која учествуваа и претставници на Европската Унија, било договорено дека мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде.
Исто така, договорено било, Бугарија да го заврши својот дел од пругата.
Бил прифатен и третиот аргумент дек треба да се ревидира проектот, но и цената која е превисока.
На состанокот од двете страни е прифатено, по проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да биде од еден изведувач.
Двете страни се согласиле договореното да го презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.
На состанокот, од македонската страна предводена од Државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, беше истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.






