Состанокот на кој присуствуваа заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, и заменик-премиерот на БЈРМ за евроинтеграции Бујар Османи, бил фокусиран на економската соработка меѓу двете земји и на можноста за формирање заеднички работни групи за размена на знаења.
Покрај тоа, во блиска иднина ќе се одржел и економски форум со учество на грчки и бизнисмени од Македонија.
„Експрес,мк“ одново прашува каде е МНОР на Макеонија, Никола Димитров кој најави „шармирање“ на јужниот сосед во процесот на приближување на, како што најавуваа(т), „финално решение“ за Македонија.
Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи за меѓународни економски односи, Јанис Брахос, ќе ја посети БЈРМ во наредните денови за да помогне во координирањето на акциите договорени во вторникот.
По состанокот, Османи го придружуваше Катругалос во главната зграда на Министерството за да присуствува на работен ручек во кој беше домаќин на министерот за надворешни работи, Никос Котиас.
Зачудува што министерот за евроинтеграции и вице премиер се сретнува со шефот на грчката дипломатија околу, најгорливиот проблем во моментов.
Треба да се потсети дека ДУИ, партијата од чии редови е Османи, покажуваше голема желба да се вклучи во преговарачкиот процес за името со Грција.





