Коментар не е потребен.



По загрижувачката информација дека главниот град на Македонија бил најзагаден на светот, градските власти и надлежните институции с’е уште не нудат решение за итно намалување на енормната загаденост која урива рекорди.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги повика граѓаните на средба на која би дале свои предлози како да се реши проблемот.

Во вторник е најавена седница на која ќе се расправа за можноста за намалување на цената на билетите на ЈСП или за бесплатен превоз, како и за мерки со кои би се намалил сообраќајот.

Во меѓувреме, во тек е онлајн кампања на Фејсбук со која се повикуваат родителите на ученици да не ги пуштат на училиште на 20 декември како порака до властите дека, доколку тие не можат, граѓаните сами ќе ги заштитат своите деца.

На социјалните мрежи, на шега, почна да се врти името Смогјанг за главниот град…