Ретко се случува фотографија да засени (одличен) напис, но токму тоа може да се констатира за овековеченото знаме со пораки за Македонија во рацете на учесници на грчкиот протест во Лондон во неделата, со кое „Спутник“ ја илустрира обемната статија за разликите за името меѓу двете земји.



„Вистината“ за Македонија пласирана на знамето истакнато пред палатата „Вестминстер“ ги содржи следните „аргументи“ напишани на англиски јазик: „Нема (не постои – н.з.) историја на БЈРМ“, „Нема култура на БЈРМ“, „Нема идентитет на БЈРМ“, „НАТО-творба 1992“, „Вистинско име Вардарска“, „Македонија – регион на Грција 4.000 години“, „Александар Велики грчки крал 336-323 п.н.е.“, „Македонија = грчки богови = грчки збор“ и „Македонија само грчка, не словенска држава“.

Највистинска е, сепак, насмевката на еден од тројцата демонстранти што го држат знамето, колку и да не е смешно тоа што сакаат да му го порачаат на светот…