Српската банка Алта Груп ДОО Белград дала официјално известување за намера да се даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола кое веќе пристигнало до Управниот одбор, објавува порталот Пари.
Алфа Груп понудила по 3.777 денари по акција издадена од Стопанска банка Битола.
,,Со официјалната најава за намерата се потврдија информациите на Пари за можното преземање на домашна од странска банка. Односно на две банки, од кои едната е Стопанска банка Битола”, пишува порталот.
Алта Банката за 6 години за три и пол пати го зголемила својот удел во српскиот банкарски колач а има актива од над една милијарда евра.
Битолската Стопанска банка има издадено 390.977 обични акции. Што значи дека во нив Алта Груп би инвестирала околу 24 милиони евра.
„Известуваме дека Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола на ден 20.5.2025 година, согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва доби известување од Алта Гроуп ДОО Београд дека има намера да даде понуда за преземање до 100% од обичните акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.
Во добиеното известување стои дека согласно член 26-а од Законот за преземање на акционерски друштва покрај согласностите од домашните тела и институции вклучувајќи, но не ограничувајќи се на претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, понудата е условена и со претходно одобрување на концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Србија (Странско одобрение). Во известувањето стои дека ќе биде поднесено и барање за добивање на дозвола за понуда за преземање до Комисијата за хартии од вредност, по добивање на Странското одобрение, а секако по добивање на согласностите од домашните тела и институции. Доколку странското одобрение не биде добиено, намерата ќе се смета за повлечена и нема да биде дадена понуда за преземање“, пишува меѓу другото во објавата на Банката.
Кој е потенцијалниот инвеститор на Стопанска банка Битола и други детали за темата на порталот Пари.





