Само една изјава на грчкиот министер за надворешни работи беше доволна македонските медиуми целосно да ја збунат јавноста и да и пласираат три различни варијанти на зборовите на Никос Коѕиас.
Грчкиот министер за надворешни работи, за Катимерини изјави дека Владата во Атина има намера да го реши спорот со името со Македонија.
„Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година“, изјави Коѕиас според кого во спротивно ќе има „големи компликации“.
Коѕиас додаде дека по неговото решавање ќе останат „три-четири месеци бирократија во ОН “.
Изјавата на Коѕиас во Македонија од релевантни медиуми беше пренесена во три варијатни, едната дека ќе биде решено до 2018 година, втората дека ќе се реши на почетокот на идната година и третата дека ќе се реши до крајот на 2018 година.
Што навистина кажал Коѕиас во Атина е навистина тешко да се погоди. Ионака и тој и неговиот шеф Ципрас досега кажуваа многу работи кои што никогаш не излегоа точни.





