Градоначалникот на општина Пустец од соседна Албанија, Едмонд Темелко, по кого беше распишана меѓународна потерница попладнево е упасен во Скопје, јави порталот Судство.мк.
Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, а му беше одреден 30 дневен притвор зашто не ги почитувал мерките на претпазливост, односно да не ја напушта Македонија.
Некои медиуми јавија дека Темелко самиот се пријавил во полиција.
Тој беше приведен во полициската станица „Беко“, од каде бил спроведен во Истражниот затвор Скопје.





