Градоначалникот на Пустец Едемнод Темелко кој од пред два месеца е во притвор, утре најверојатно ќе биде пуштен од истражниот затвор Шуто Оризари.
Како што дознава АлсатМ, вчера била преиначена одлуката и тој ќе продолжи во куќен притвор откако во петокот му биле одредени нови 30 дена од Кривичниот суд.
Веста дека на темелко му е одрдена мерка домашен притвор ја потврди и МИА.
Причина за ова било влошената здравствена состојба на Темелко, а на ова се согласило и Специјалното обвинителство.
Загриженост за здравствената состојба на Едмонд Темелко изразија и шретседателите Ѓорѓе Иванов и Илир Мета за време на минатонеделната посета на шефот на албанската држава во Скопје.
Имаше најава нод некои медиуми и на социјалните мрежи дека се подготвувале протести со барање за ослободување на Темелко.
Градоначалникот на Пустец, кој е обвинет е во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности, беше уапсен на 26 септември по меѓународна потерница и однесен во притвор бидејќи иако не смеел да ја напушта државава тој патувал во Албанија со албанска лична карта.





