Се однесуваат како крава која дава многу млеко и потоа со нога го истура, изјави албанскиот премиер во врска со намерата за укинување на Специјалниот суд за злосторствата на поранешната ОНА.
Рама ги повика претседателот Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на парламентот Кадри Весели „да не создаваат нови тешкотии на земјата, туку да решаваат големите проблеми со кои се соочува Косово”.
Според него „иницијативата за отстранување на Специјалниот суд е грешка која може да име тешки последици… Ова не е ништо друго освен предавство на сојузниците кои помогнаа да се создаде косовска држава”.
Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Кадри Весели изјавија дека формирањето на Специјалниот суд е историска неправда кон косовските Албанци.





