Костените се единствени кои содржат Ц витамин од целата група на јатки. И тоа на една шака костени можете да задоволите дури 40% од дневните вредности. Ц витаминот, освен антиоксидативно дејство, е полезен и за здравјето на кожата бидејќи е одговорен за продукцијата на колаген.



Заради големата количина на сложени шеќери, костените се стабилен извор на енергија. На телото му е потребно повеќе време овие сложени молекули да ги доведе до попрости и целиот тој процес побавно се одигрува. Наместо негативни осцилации на шеќерните нивоа во крвта, костените даваат подолго време стабилно ниво на енергија. Додатно, имаат малку маснотии и 0% холестерол.

Добивате и добар извор на Б витамини и магнезиум. Овие витамини го релаксираат нервниот систем и учествуваат во клеточниот метаболизам. Недостатокот на некои од Б витамините доведува до нарушување во еритроцитната продукција, состојба позната како анемија, а мегнезиумот е полезен против мускулни грчеви, но и кај високиот крвен притисок.Освен бенефитите кои ги нудат за организмот, костените се одлични за кулинарско експериментирање. Заради високата содржина на скроб може да ги користите како згуснувач на чорби или сосеви. Освен како закуска, печени или варени, слободно почнете да ги додавате во паста, како прилог, како пире, во салати.Особено полезно е и брашното од костен, кое е многу лесно сварливо.