Веќе не е никаква тајна дека поранешнешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот брачен другар, фудбалерот Бастиан Швајнштајгер, наскоро ќе станат родители. Српската убавица деновиве се пофали на социјалните мрежи со многубројни честитки. Една, сепак, беше посебна и пристигна од Германија со јасна порака.

„Честитки, Басти и Ана, ќе го видиме ли подмладокот на Швајнштајгер на Светското првенство во 2038 година“, стои во пораката на Твитер профилот на германскиот национален фудбалски тим.




