Еден убиен и еден ранет во Топанско Поле

Во престрелка што синоќа се случилa во Топанско поле во Скопје убиено е едно лице, а друго со повреди е пренесено во болница.



Повреденото лице е во стабилна состојба.

Според неофицијалните информации убиениот и повредениот се на возраст од околу 35 години.

Од МВР го потврдуваат пукањето и детални информации најавуваат во текот на денот.

Мотивите за нападот засега не се познати.