Годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, на одделни настани, денеска ќе ја одбележат власта и опозициската ДУИ.



Владата ќе одржи свечена седница со почеток од 13 часот, на која, според најавите, ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, како и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

На владината седница ќе ѝ претходи панел-дискусија во Клубот на пратениците чиј организатор е Министерството за животна средина и просторно планирање и вицепремиерот и министер Изет Меџити. Настанот на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик” ќе започне во 10 часот, а ќе продолжи вечерта со свечен прием во Музејот на современа уметност во Скопје.

Од ДУИ, денеска во 12:00 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе одбележат годишнина од потпишувањето на Охридскиот договор за кој велат дека е “нивен настан, кој за го организираат.

Според коалицијата „ВРЕДИ“, оценија ДУИ го користи „Охридскиот рамковен договор“ како штит за своите поранешни корумпирани функционери.