Еден од осомничените по апсењето, наводно, признал дека учествувал во терористичкиот напад на концертната сал во кој загинаа најмалку 115 лица, а над 100 беа повредени, објави Russia Today, која постираше и видео од сослушувањето на осомничениот.
На видеото се гледа како човекот се тресе додека зборува за тоа што го направил.
Како што рече, тој пристигнал од Турција на 4 март и му наредиле да ги убие сите присутни на концертот, а за тоа ќе добие 500.000 рубљи (5.000 евра).
Половина пари веднаш му биле префрлени на сметка, а потоа имал и тренинг.
Тој тврди дека бил контактиран преку Телеграм и дека не знае кој му го дал оружјето.
Со него стапил во контакт преку посредник, а вели дека има 26 години.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024






