21-годишниот напаѓач на Баерн Минхен во Шариз бил уапсен неколку часа од француската полиција под обвинение за семејно насилство по пријавата од неговата поранешна девојка. Според информациите на каналот Europe 1, меѓу двајцата избувнал банален проблем за пари кој, Кингсли Коман очигледно го решавал со раце, по што девојката го пријавила во полиција. Во жалбата младата дама посочила дека фудбалерот ја удрил два пати што во разговорот во полиција го признал и самиот Коман.



Кингсли Коман за кого голем број стручњаци велат дека е еден од најталентираните фудбалери на светот од неговата генерација бил задржан само неколку часа, а потоа бил пуштен, но сето нема да заврши тука бидејќи по најавената тужба за септември е закажано нејзино разгледување во судот.