Кина егзекутираше маж кој фатално избоде 10-годишно jапонско момче, јавува Би-Би-Си.
Нападот се случи минатата година на 18 септември што се смета за „политички чувствителен датум“ – годишнината од инцидентот што доведе до јапонската окупација на Манџурија во раните 30-ти години од минатиот век.
Жонг Чангчун во јануари беше осуден на смрт поради напад на детето кое одело во јапонско училиште во градот Шенжен во југоисточна Кина.
Инцидентот ги шокираше двете земји и ги засили дипломатските тензии поради обвинувањата дека станува збор за ксенофобичен напад.
„Владата на Јапонија го смета убиството на целосно невино дете за непростливо злосторство и ние ја прифаќаме оваа егзекуција со најголемо задоволство“, соопштија од јапонската амбасада.
„Поради овој инцидент, јапонската влада ќе продолжи да ги презема сите можни безбедносни мерки и силно ја повикува кинеската страна да ја обезбеди безбедноста на јапонските граѓани во Кина.
Инцидентот ги засили стравувањата кај Јапонците кои живеат во Кина.
Инцидентот, исто така, фрли светлина врз непроверениот национализам на кинеските социјални медиуми, кој во последниве години поттикнува нетрпеливост кон странци.






