Европската конфедерација на синдикати со поддршка до Сојузот на синдикати на Македонија во борбата за повисоки плати. Барањата за раст на минималецот се оправдани, оти минималната плата во Македонија е најниска во регионот. Од ССМ велат дека добиле сесрдна поддршка од регионалните и европските синдикати, па ако продолжи притисокот кон нив, тие ќе излезат на протести.
Секретарката на ЕКС Теа Јарц, нагласи дека се во тесна соработна со ЕК, а начинот на социјален дијалог на Власта и синдикатите, детално ќе биде образложен во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ.
- „Да се биде синдикалец е човеково право и работничко право кое што мора да се почитува и ниту Владата ниту работодавачите не смеат да ги напаѓаат синдикатите. Ако треба синдикатите ќе излезат и на улица, меѓутоа ние очекуваме дијалог. Земја што не ги почитува тие права мора да биде повикана на одговорност, се надевам дека во Македонија тие напади врз синдикатите ќе престанат.“ вели таа.

Синдикалците од соседството со поддршка на Сојузот на синдикати на Македонија за барањето за раст на минималецот со став дека нема да има квалификувани работници ако нема пристојни плати за живејачка.
- „Несвојствено е и спротивно на принципите и меѓународната организација на трудот, како и на демократските држави не Владата, туку политички партии да го напаѓаат синдикатот затоа што бара зголемување на платата. Нашата главна заложба е зголемување на плата и не може ниту една политичка партија да не убеди во спротивното.“ рече Трендафилов.
Премиерот Хрисијан Мицкоски пак ги покани претставниците на ЕКС да ги слушнат и неговите аргументи, што според него би ги променило нивните заклучоци. Тој вели дека не бил загрижен, туку бил мотивиран од изјавата на секретарката на ЕКС. Премиерот очекува европските синдикалци да го сфатат аргументот на Владата за препирките со ССМ.
Минималната плата треба да се усогласи месецов. Според законот би се зголемила за 1.800 денари. Челниците на земјите од регионот велат дека мора да има дијалог и преговори без притисоци, со цел зачувување на работничките права.





