Европска народна партија (ЕПП), најголема политичка групација во Европски парламент, му честита на изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на сестринската ВМРО-ДПМНЕ.
„Честитки за Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Поранешна Југословенска Република Македонија ѝ треба силна позиција во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се надминат предизвиците долж евроатлантскиот пат“, се вели во честитката на „Твитер“ од ЕПП до наследникот на Никола Груевски.
Претставници на централнодесничарското најголемо политичко семејство во Европа ги извршуваат трите најзначајни функции на стариот континент – претседателите во Европски парламент, во Европска комисија и во Европски совет се од ЕПП.






