Европската слободна алијанса (ЕFА), партија која во коалиција со „Зелените“ ја формира четвртата по големина група во Европскиот парламент, денеска ќе ја посети забранетата партија ОМО „Илинден“ во Сандански.
Повод е конференцијата насловена „Демократија за сите: вистината за малцинствата во Европа“, на која се очекува да присуствуваат и претседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакал и Мајлс Розберг.
Домаќин е професорот Стојко Стојков, копретседател на ОМО „Илинден“, објави бугарски „Сега“.
Во ЕФА членуваат македонската партија од Албанија (МАЕИ), македонската партија од Грција „Виножито“, словенечката партија од Австрија „Енотна листа“, баскиската партија од Шпанија „Аралар“, како и андалузиската партија, партиите на Сардинците, Тиролците од Италија, партиите на Алзасците, Корзиканците и Бретонците од Франција, Моравците од Чешка…






