Евроизбори: Во Австрија победува партија основана од наци ветерани која бара крај на ,,ЕУ лудилото”

На изборите за Европарламентот во Австрија победува партија основана од нацистички ветерани која бара крај на ЕУ лудилото, објави шефот дописник од Берлин на порталот Политико Метју Карничиг.



,,Австрија, земја која има корист од нејзиното членство во ЕУ како ниедна друга, само што ја устоличи анти-ЕУ партијата основана од ветераните на СС на прво место (проектирано на 27%) на #EUelections2024. Ова беше плакат од нивната кампања, на кој пишува „Стоп за лудилото на ЕУ“”, објавува Карничиг.

Огромен успех на крајната десница на изборите за европарламентот има и во Франција, Холандија и Германија.

https://x.com/MKarnitschnig/status/1799829029308211486?t=OXPwdvN2TvrArxDvMoT27g&s=19