Американскиот професор Алан Лихтман предава историја на Универзитетот во Вашингтон речиси 50 години.
Но, тој стана национално познат по нешто друго – по неговиот предизборен модел, кој го нарече „клучеви од Белата куќа,“ со кој точно ги предвиде резултатите од сите претседателски избори од 1984 година.
Во видео-репортажа за овој историчар, Њујорк Тајмс го нарекува „Нострадамус на претседателските избори“.
Оваа репутација ја потврди во 2016 година кога и покрај тоа што речиси сите анкети предвидуваа победа на Хилари Клинтон, тој повторно точно предвиде дека победник ќе биде Доналд Трамп.
По неговата победа, самиот Трамп му испрати честитка за точната прогноза.
Оваа година тој предвидува дека ќе победи потпретседателката Камала Харис.
„Зошто сум сигурен дека Харис ќе победи? Затоа што е блиску само според анкетите, а мојот систем ги игнорира анкетите“, изјави Лихтман за Си-Ен-Ен.
„Луѓето не одговараат на анкетарите, тие лажат, се предомислуваат и анкетарите треба да погодат кои се веројатните гласачи“.
Иако е уверен во својата прогноза, Лихтман рече дека е нервозен – делумно поради вознемирување и омраза што тој и неговото семејство ги доживеале, а делумно поради, како што вели, демократијата е навистина загрозена.
„Аналитичарите ги следат изборите како да се трка со коњи.
Но, историјата ни кажува дека гласачите не се залажуваат со трикови во кампањата. Гласачите гласаат прагматично, во зависност од тоа колку добро Белата куќа владеела со земјата“, објаснува Лихтман за Њујорк Тајмс, додавајќи дека анкетите немаат никакво влијание врз исходот на самите избори…






