Организаторите на Олимписките игри во Париз им се извинија на католиците и на другите христијани кои беа налутени од кич сцената на свеченото отворање на кое беше карикирана уметничката фреска на Леонардо да Винчи – Тајната вечера.
Настапот, во кој членовите на групата Drag Race France, трансродов модел и гол пејач учествуваа во улогата на античкиот грчки бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето.
Исус го „играше“ Барбара Буч, 43-годишна Французинка позната по нејзиниот ЛГБТ активизам и промоција на дебелината. Таа носеше ореол направен од кожа, дрво и Сваровски кристали.
“Здраво, јас се викам Барбара Буч. Јас сум љубовен активист, диџеј и продуцент со седиште во Париз. Мојата цел е да ги обединам и да ги зближам луѓето, да ја споделуваме љубовта преку музиката за сите да танцуваме заедно и нашите срца да чукаат во хармонија.” напиша Буч на Инстаграм, како што пренесува Дејли Мејл.
Барбара Буч активно учествува во борбата за правата на хомосексуалците, но и за прифаќање и промовирање на дебелината. Таа го сними и краткиот филм Extra Large.
Во 2020 година, таа позираше гола на насловната страница на францускиот културен магазин Телерама под наслов „Зошто не прифаќаме дебели луѓе“?
Во 2021 година, Француското здружение на ЛГБТИ-новинари и ја ЛГБТИ личност на годината.
„Јас сум дебела, Еврејка, лезбејка и навистина сум горда на сите мои идентитети. Сето тоа ме прави како личност“, рече таа минатата година за време на едно интервју.






