Докторот Нико Беќаровски најави дека заминува од државното здравство, но не и од професијата.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот.
Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, напиша тој на Фејсбук.
Најавата доаѓа по вчерашната прес-конференција на пет доктори од стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија кои јавно проговорија за небулозите со кои се соочуваат откако ден пред формирање на техничката влада беше назначена економската директорка Бесија Иљази.
Директорката на Токсикологија вработува лица кои не се потребни
Потоа, место да ја разреши Иљази, министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор Данил Петровски.
Беќаровски и неговите колеги рекоа дека Иљази не дозволила да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку сака да се вработат 18 лица на кои им истекле договорите за дело лани на 31 декември, меѓу кои имало и лица кои немаат соодветно образование за тука.
Иљази, според докторите, е проблематична од нејзиното стапување на функција.
Директорката на Токсикологија одби да зборува македонски – новинарите си заминаа (ВИДЕО)
По вчерашните обвинувања од лекарите, таа излезе на прес-конференција, на која не даде одговор на македонски јазик, по што новинарите си ги собраа микрофоните.





