Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вели дека состојбата со ковид-19, засега, не е алармантна и нема простор за паника кај граѓаните.



Здравствените власти евидентираа зголемување на бројот на заболени со ковид-19 … Од 12 до 18 август регистрирани се 271 нов случај на коронавирус, според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), што претставува зголемување од 60.4 отсто во однос на претходната недела.

Мехмедовиќ информираше дека пациентите, засега, претежно се лекуваат амбулантски.

Тој препорачува почитување на куќниот ред за посета на здравствените установи и вакцинирање на сите лица над 65 годишна возраст и со хронични болести. Мехмедовиќ ја нагласува и употребата на заштитни маски на места со зголемена фреквенција на луѓе и често да се проветрување на просториите.

Лицата кои се позитивни на ковид-19, а немаат изразена симптоматологија, како што посочи, може да се движат со маска, односно нема изолација на пациенти.